Дома Фудбал Виљар и неговиот син пуштени од затвор

Виљар и неговиот син пуштени од затвор

Суспендираниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Анхел Марија Виљар е пуштен од затвор.

Виљар и неговиот син Горку се пуштени изминатата ноќ откако поминаа 12 дена во мадритскиот затвор. Веднаш по излегувањето од затворот Виљар им се заблагодари на сите кои приватно и јавно веруваа во него, потпретседателот Хуан Падрон и неговиот син Горку.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кауцијата за Виљар и Падрон изнесуваше 300.000 евра, додека за Горку Виљар изнесуваше 150.000 евра.

Тие беа уапсени на 18 јули поради наводната корупција, лошо водење на органзиацијата и злоуптреба на фондовите и фалсификување на документи.

Одземени им беа пасошите, а судијата донесе одлука и еднаш неделно да се појавуваат во судот, како и да обезбедат телефонски број на кој ќе бидат достапни во секој момент.

Виљар на чело на Фудбалскиот сојуз на Шпанија се наоѓа од 1998 година, суспендиран беше на една година, а поднесе и оставка од потпретседателските места во ФИФА и УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…