
Шпанскиот клуб Виљареал официјално го потврди ангажманот на фудбалерот на Лестер, Висенте Ибора.
Ибора во 2017 година стигна во Лестер од Севиља, а сега се враќа во Примера и потпиша договор до 2023 година со „жолтата подморница“.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Ибора е искусен фудбалер од средината на теренот и доминантен во скокот. Квалитетен е пред противничкиот гол. Ова е престижен трансфер за нашиот клуб“, пишува во соопштението на Виљареал.
Финансиските детали од трансферот не се објавени, но сигурно дека Ибора ќе биде големо засилување за „жолтите“ кои играат многу лошо оваа сезона.