Дома Трансфер зона Виљареал сака да го задржи Бака, но бара попуст!

Виљареал сака да го задржи Бака, но бара попуст!

Карлос Бака оваа сезона настапува во Виљареал како позајмен фудбалер од Милан, но неговата иднина е под знак прашалник.

Имено, „жолтата подморница“ за позајмицата плати 2 милиони евра, а на лето ќе има можност да го откупи неговиот договор за додатни 18 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иако, Бака оваа сезона игра солидно и до сега има постигнато 15 гола во сите натпреварувања, шпанските медиуми тврдат дека Виљареал не е спремен да ја плати сумата за негов откуп.

Имено, шпанскиот клуб ќе бара „попуст“ од Милан и е спремен да плати максимум 12 милиони евра за да го задржи Колумбиецот.

Јасно е дека за Бака повеќе нема место на „Сан Сиро“, а со оглед на фактот што наскоро ќе наполни 32 години, „росонерите“ се спремни да го продадат за таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…