Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Вистина е дека Роналдо сакал да ја напушти репрезентацијата!

Вистина е дека Роналдо сакал да ја напушти репрезентацијата!

Португалскиот медиум „Рекорд“ инсистира дека Кристијано Роналдо сакал да го напушти тимот за време на Светското првенство во Катар.

Информацијата, која ja пласираше „Рекорд“ за незадоволството на Роналдо, вчера беше демантирана најпрвин од Фудбалскиот сојуз на Португалија, а потоа и од самиот Роналдо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Фудбалскиот сојуз на Португалија ја демантираше веста дека Кристиано Роналдо се заканувал дека ќе ја напушти репрезентацијата за време на Мундијалот кога дознал дека нема да биде во стартниот тим против Швајцарија“, пишува во текстот на „Рекорд“ и се додава.

„Ја потврдуваме информацијата објавена денеска од повеќе извори. Разговорот помеѓу Фернандо Сантош и Кристиано Роналдо вечерта пред мечот со Швајцарија бил многу бурен, а селекторот на репрезентацијата му дозволил да си замине. Разговорот продолжил, по што играчот решил да ја повлече одлуката, сфаќајќи дека сега не е најдобро време за толку голема поделба“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Се зогуваја, па го вратија:Фабијански повторно во Вест Хем

Полскиот фудбалски голман Лукаш Фабијански потпиша договор со Вест Хем до крајот на сезона…