Дома Фудбал Винисиус: Сите сакаат да играат со Мбапе

Винисиус: Сите сакаат да играат со Мбапе

Винисиус Жуниор сезонава игра во одлична форма, а по вчерашниот натпревар во кој постигна два гола против Елче разговараше со бразилските медиуми и го спомна Килијан Мбапе.

„Сите играчи сакаат да играат со Мбапе. Тој е одличен играч како Роналдо и Меси. Се наоѓа меѓу новата генерација фудбалери и ќе биде на врвот уште многу години“, изјави Винисиус.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Оваа сезона Бразилецот игра подобро до било кога и во 14 натпревари постигна девет гола и додаде пет асистенции. И токму поради ваквата форма беше изненадување што не се најде на списокот на селекторот Тите за натпреварите на Бразил.

Следниот натпревар на Реал Мадрид е против Шахтјор во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид се откажува од Конате!?

Интересот на Реал Мадрид за францускиот дефанзивец Ибрахима Конате (26), чиј договор со Ли…