Шпанските медиуми тврдат дека иднината на Винисиус Јуниор во Реал Мадрид е неизвесна и бразилскиот напаѓач би можел да го напушти клубот ова лето.
Веќе е јасно дека на лето на „Сантиаго Бернабеу“ пристигнува Килијан Мбапе како слободен агент од ПСЖ, а токму тоа може да предизвика заминување на Винисиус.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Винисиус не е задоволен од престојот во Шпанија поради расистичките испади на навивачите кон него, а со доаѓањето на Мбапе ќе бара и ново зголемување на платата исто колку Фрацузинот.
Со оглед на тоа што Килијан Мбапе игра на истата позиција како Винисиус Јуниор, „кралскиот“ клуб е подготвен да се откаже од 23-годишниот Бразилец, но не за помала сума од 150 милиони евра.
Најсилен интерес покажуваат ПСЖ, Ливерпул и Челзи, но според висината на обесштетувањето, се чини дека „светците“ се фаворити.