Дома Останати Тенис Вимблдон влегува во завршницата: Познати четврт-финалните двојки во двете конкуренции

Вимблдон влегува во завршницата: Познати четврт-финалните двојки во двете конкуренции

Третиот Грен слем во сезоната Вимблдон влегува во самиот финиш, а познати се сите четврт-финални двојки.

Тој успеа да ја заврши програмата во понеделник пред полицискиот час, па немaше прекин на натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во машка конкуренција да ја споменеме елиминацијата на Стефанос Циципас, кој со 3:2 во сетови беше поразен од американскиот тенисер Кристофер Еубенкс, кој го игра тенисот на својот живот.

Ѓоковиќ беше подобар од Хуркач со 3:1 во дуелот каде Полјакот му покажа заби на најдобриот тенисер на денешницата.

Руне го елиминираше Димитров со 3:1 во сетови, а со истиот резултат победи и Алкараз кој синоќа го заврши мечот против Беретини и победи со 3:1.

Кај тенисерките тинејџерската сензација од Русија Андреева ја сопре Американката Кис со 2:1.

Бразилката Хадад Маја го предаде натпреварот на Рибакина без борба.

Триумфи од 2:0 во сетови остварија Сабаленка против Александрова, и Џабеур против Квитова.

Во тениското четвртфинале гледаме дуели:

Алкараз – Руне

Медведев – Еубенкс

Синер – Сафиулин

Рубљев – Ѓоковиќ

Во женското четврт-финале се среќаваат следниве двојки:

Свиатек – Свитолина

Пегула – Вондроусова

Џабеур – Рибакина

Кис – Сабаленка

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…