Од утре конечно ќе се врати фудбалот на највисоко ниво, се враќа Бундеслигата.
Најдобрите германски клубови се враќаат на терените после пауза од скоро два месеци.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со оглед на тоа дека паузата траеше прилично долго треба да се потсетиме како изгледаше табелата.
Пред прекинот беа одиграни 25 кола. Баерн Минхен е лидер со 55 освоени бодови, четири повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд и пет повеќе од третопласираниот Лајпциг. Многу блиску до самиот врв е и Борусија Менхенгладбах која има само еден бод помалку од Лајцпиг. До крајот на сезоната останаа уште девет кола.
Натпреварот кој привлекува најголемо внимание е дербито Борусија Дортмунд – Шалке, но со оглед на тоа колку долго бевме без вистински возбудувања љубителите на фудбалот сигурно сакаат да ги гледаат и останатите натпревари.
Еве што нуди ова коло во Германија:
САБОТА
15:30
Аугусбург – Волфсбург
Борусија Дортмунд – Шалке
Фортуна Дизелдорф – Падерборн
Хофенхајм – Херта
Лајпциг – Фрајбург
18:30
Ајнтрахт – Борусија Мехенгладбах
НЕДЕЛА
15:30
Келн – Мајнц
18:00
Унион Берлин – Баерн
Се очекува ова коло да биде оедно од најгледаните во Бундеслигата затоа што како што споменавме Германците се единствените од најсилните првенства кои ќе играат.