По паузата минатиот викенд од овој што следува продолжуваат возбудувањата во макаедонската прва лига.
Фудбалската Федерација на Македонија објави дека биле усогласени протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Натпреварите првично беа закажани за 31. октомври и 1. ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамки на федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од “Ковид 19”. Фудбалската федерација на Македонија ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од МФЛ. Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата Covid-19“, стои во соопштение од ФФМ.