Вчера Јувентус и Фиорентина одиграа 0:0 во рамките од Серија А и тоа беше прв наптрвар оваа сезона во која актуелниот шампион не победи.
За Фиорентина оваа сезона игра 36 годишниот Франк Рибери кој пристигна како слободен играч од Баерн Минхен. Првиот човек на клубот од Фиренца, Роко Комисо порача дека Рибери бил подобар од Роналдо во вчерашниот натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу сум задоволен, момците го оставија срцето на теренот. Ова беше супер натпревар. Видовте ли како Рибери на 36 години беше подобар од Кристиано Роналдо? За нас ова е одличен резултат. Јувентус има тим вреден 300 милиони евра, додека ние за нашите играчи издвојуваме 50 милиони. Сепак, парите не победуваат секогаш, ние освоивме бод и задоволни сме“, изјави Комисо.
Фиорентина во претходните две кола запиша два порази и бодот против Јувентус беше прв за нив. Сигурно дека после двата порази овој бод на Фиорентина против шампионот може да придонесе за кревање на самодовербата и подобри резултати.
Ќе потсетиме, пред стартот на сезоната во текот на летото Фиорентина ја промени и сопственичката структура, па така ова е прва сезона за Комисо како претстедател на славниот италијански калчолигаш.