Од доаѓањето на Вирџил ван Дијк во Ливерпул се појавија бројни статистики и споредби со Немања Видиќ. Koга Холанѓанецот беше во најдобра форма започнаа споредбите и со српскиот дефанзивец кој важи за еден од најдобрите во историјата на Премиер лигата.
Сега двајцата дефанзивеци ги спореди Џон Тери кој и самиот може да се смести помеѓу најдобрите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот член на „Куќата на славните“ на Премиер лигата беше запрашан од каналот „ТНТ Спортс“ да избере меѓу тројца играчи: Гери Пелистер, Немања Видиќ и Вирџил ван Дијк. Кого би ставиле во првиот состав, кого на клупата и кого би го продале?
„Го сакам Гери Палистер, но би го продал. Би го ставил Вирџил на клупата, а Немања Видиќ во стартниот тим“, изјави Тери.
Тери и Видиќ во дресовите на Челзи и Манчестер Јунајтед водеа битки од 2006 до 2014 година во многу важни натпревари.
🫡 John Terry on who he would start, bench and sell:
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) April 26, 2024
🇷🇸 Nemanja Vidić
🇳🇱 Virgil van Dijk
🏴 Gary Pallisterpic.twitter.com/IcwcEYtjL5