Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, „росонерите“ веќе донесоа четири засилувања, но активно работат на ангажман на нови фудбалери.
„Газета дело Спорт“ во денешното издание пренесуав дека Милан е во завршни преговори за уште три големи засилувања кои треба да го комплетираат тимо за следната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во одбраната веќе пристигнаа Рикардо Родригез (лев бек) и Мусакио (стопер), а до крајот на неделата би требало да биде комплетиран трансферот на Андреа Конти од Атлаланта, кој минатата сезона беше еден од најдобрите десни бекови во Италија.
Средниот ред го засили Франк Кеси, но „росонерите“ се во потрага по уште еден квалитетен играч за врска и преговараат со Лацио за Лукас Биглиа. Доколку не успеат да го донесат Аргентинецот, како алтернатива се споменува Криховјак од ПСЖ.
Во нападот пристигна Андре Силва, но Милан е во преговори и за Калиниќ од Фиорентина. Играчот веќе има договор со „росонерите“, па се очекува во наредните недели и двата клуба да се договорат околу отштетата.
Миланскиот гигант на пазарот бара и квалитетно крило и плејмејкер, а медиуите тврдат дека е блиску до договор со ѕвездата на Леверкузен, Хакан Чалканоглу чии трансфер би требало да изнесува околу 25 милиони евра.
Еве како треба да изгледа Милан следната сезона:
Донарума
Конти, Мусакио, Ромањоли, Рикардо Родригез
Кеси, Биглиа (Монтоливо), Бонавентура
Сусо, Андре Силва (Калиниќ), Чалканоглу