Дома Фудбал Англија Видео: Џон Тери и Вила остануваат во Чемпионшип, Фулам во Премиер лигата!

Видео: Џон Тери и Вила остануваат во Чемпионшип, Фулам во Премиер лигата!

Астон Вила и Фулам денес со почеток од 18:00 часот го одиграа финалето од плеј-офот за пласман во Премиер лигата.

На крајот до победа успеа да стигне тимот на Фулам, минимална (0:1), но доволна за победа која во наредната сезона ќе им донесе сума од 170 милиони фунти, поради играњето во Премиер лигата и бонусите од ТВ правата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Фулам и пред натпреварот важеше за фаворит, на крајот и оправда таа улога. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во првиот дел во 23 минута и беше дело на Каирнеј.

Во вториот дел Астон Вила ја подобри играта, а од 70 минута до крајот играа и со играч повеќе. Втор жолт картон доби Одои.

Сепак и покрај тоа Фулам успеа да ја сочува предноста, па наредната сезона ќе бидат дел од Премиер лигата, додека Џон Тери и Астон Вила ќе мора да играат барем уште една сезона во второто по ранг натпреварување во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Млада ѕвезда на Јунајтед сака да го напушти Олд Трафорд веќе во јануари

Како што пишуваат англиските медиуми, Џошуа Зиркзе ќе побара трансфер од Манчестер Јунајте…