Дома Фудбал Останато Видео: Јувентус после изведување на пенали го победи Интер

Видео: Јувентус после изведување на пенали го победи Интер

Јувентус и Интер одиграа одличен пријателски меч во Кина, кој на крајот им припадна на „бјанконерите“ после изведување на пенали.

Регуларните 90 минути завршија без победник 1:1, иако двата гола ги постигнаа фудбалери на Јувентус. Имено, Матијас де Лихт го отвори резултатот со автогол во првото полувреме.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Интер одлично се претстави во првото полувреме и со пресинг ги неутрализираше идеите на противникот, но во второто полувреме „бјанконерите“ беа подобри.

Израмнувањето стигна во 62-та минута преку Кристиано Роналдо, кој погоди од слободен удар.

При изведувањето на пеналите најмногу се истакна Буфон, кој им удбрани три удари на „нероаѕурите“ и му донесе победа на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зошто Вест Хем го отпушти Потер на така понижувачки начин?

Фудбалскиот клуб Вест Хем денеска реши да го ослободи од должност досегашниот тренер Греје…