Дома Фудбал Италија Видео: Јувентус победи, Роналдо повторно не погоди!

Видео: Јувентус победи, Роналдо повторно не погоди!

Јувентус ја запиша втората победа во сезоната и на домашен терен го победи Лацио со 2:0.

Роналдо дебитираше пред домашната публика, но не успеа да ја израдува со гол. За тоа се погрижија Пјаниќ и Манџукиќ.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Една одбиена топка стигна до Миралем Пјаниќ, кој во свој стил, со перфектно изведен волеј удар од работ на казненит простор, донесе предност за Јувентус по половина час игра.

Точка на натпреварот стави Марио Манџукиќ во 75-та минута, после една нафрлена топка во шеснаесетникот најдобро се снајде Хрватот и погоди за 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Куче втрча на терен во Кавадарци и го прекина натпреварот Тиквеш – Башкими! (Видео)

На денешниот натпревар во Кавадарци помеѓу Тиквеш и Башкими видовме и една комична сцена о…