Дома Останати Кошарка ВИДЕО Шек на српски му кажа на Јокиќ дека го сака. Слушнете ја реакцијата на публиката

ВИДЕО Шек на српски му кажа на Јокиќ дека го сака. Слушнете ја реакцијата на публиката

НИКОЛА ЈОКИЌ со блескава партија и нов трипл-дабл ја започна сезоната во која со Нагетс ја брани титулата во НБА.

По натпреварот, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња му оддаде почит.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Актуелниот МВП на финалето на најсилната лига се јави во живо од микс зоната. Студиото со Шекил О’Нил и Чарлс Баркли беше во Денвер, а водителот ја прекина изјавата на Јокиќ со зборовите: „Шек има нешто да ти каже“.

О’Нил потоа на српски рече: „Те сакам“ и го повтори уште неколку пати на мајчиниот јазик на Јокиќ. Асот на Денвер се насмеа на тоа, а тимот во студиото се прашуваше што рекол Шек.

Кога дознале и кога О’Нил се свртел кон публиката и почнал да скандира „Те сакам, те сакам“ на српски, во Денвер настана делириум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Снимка од апсењето на шампионот на НБА: Вие сте измамници, не смеете да се мешате со мене (Видео)

Поранешниот НБА играч Тони Ален, некогашен шампион со Бостон Селтикс, е уапсен неодамна во…