Денес во терминот од 20:45 часот на програмата беа реваншите од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити – Ливерпул и Рома – Барселона.
Манчестер Сити во првиот натпревар забележа голем пораз од 3:0 на „Енфилд“. Гвардиола немаше избор максимално напаѓачки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Резултат од таквата игра видовме само после две минути игра. Ван Дијк лошо исфрли од својата половина, домаќинот знаеше како да ја искористи таа прилика – егзекутор беше Габриел Хесус.
Сити продолжи да напаѓа, друг избор и немаше, се играше пред голот на Кариус. Во финишот од првиот дел видовме и една контроверзна ситуација. Лерој Сане ја затресе мрежата на „црвените“ но неговиот гол беше поништен поради наводен офсајд (оваа ситуација можете да ја погледнете тука).
Пеп Гвардиола секако не можеше да остане мирен, но поради премногу приговарање беше испратен трибините.
Во вториот дел „Граѓаните“ не беа истиот тим, Ливерпул со головите на Салах и Фирмино направи и целосен пресврт.
Вистинско чудо се случи во Рим!
Барселона првиот натпревар славеше победа со 1:4 и тоа не и беше доволно за пласман во следната фаза – Рома во Рим славеше со 3:0!
Џеко го отвори резултатот во шестата минута од натпреварот. На полувреме се замина со 1:0. Во вториот дел „волчицата“ продолжи со ист ритам.
После нешто помалку од еден час беше досуден пенал за домаќините, а сигурен реализатор беше Де Роси.
И во 82 минута вистински шок за фудбалскиот свет! Манолас погодува за 3:0 и резултат кој ја води во полуфиналето.