Дома Фудбал Англија Видео: Челзи рутински, Арсенал ја прекина серијата без пораз

Видео: Челзи рутински, Арсенал ја прекина серијата без пораз

Саутемптон ја прекина серијата на Арсенал од 22 меча без пораз и ги победи „топџиите“ со 3:2. Челзи рутински го совлада Брајтон.

Саутемптон и Арсенал одиграа исклучително возбудлив натпревар на „Сент Мери“ стадионот. Домаќините после 20 минути игра стигнаа до предност со голот на Ингс. Сепак, само осум минути подоцна следуваше одговор на „топџиите“ преку Михтарјан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Истите актери повторно стапија на сцена. Најпрво Ингс во 44-та минута, а Михтарјан повторно израмни во 63-та минута. Сепак, на пет минути пред крајот Чарли Остин погоди за голема победа на Саутемптон.

Челзи рутински стигна до трите бода на гостувањето кај Брајтон. Во првото полувреме за „сините“ погодија Педро и Азар, а во 66-та минута Марч ги постави конечните 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…