Барселона синоќа играше против Мурсија во Купот на кралот, а тренерот Валверде повика четворица нови фудбалери кои до сега настапуваа за резервниот тим, односно за Барселона „Б“.
Очите беа вперени кон Хозе Арнаиз, кој ова лето пристигна во клубот од Реал Ваљадолид. Овој фудбалер кој има 22 години на сите официјални страници на Барселона е најавуван како нова голема ѕвезда.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Арниаз во целост ги оправда очекувањата и покажа дека може да биде идна ѕвезда за тимот на „Камп Ноу“. Тој презентираше неколку прекрасни потези и го постигна третиот гол.