На синоќешните натпревари во НБА лигата најголемо внимание привлече победата на Хјустон над Сан Антонио, како и новиот трипл-дабл на Вестбрук во победата над Сакраменто.
Продолжи доминацијата на екипата на Хјустон Рокетс, која синоќа без многу проблеми го победи Сан Антонио со резултат 109-93.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Харден беше најдобар поединец во тимот на Хјустон, со 28 поени, 6 скока и 6 асистенции, а притоа ги погоди сите 14 слободни фрлања. Крис Пол беше исклучително ефикасен од поле и погоди 8 од 11 шута, за на крајот да заврши со 18 поени и 9 асистенции.
Расел Вестбрук запиша нов „трипл-дабл“ во победата над Сакраменто Кингс (106-101). Тој постигна 17 поени, 10 скока и 11 асистенции и го доби дуелот со одличниот Богдан Богдановиќ, кој ја заврши вечерта со 18 поени и 8 скока.
Резултати:
Мемфис – Милвоки 103:121
Оклахома – Сакраменто 106:101
Портланд – Мајами Хит 115:99
Хјустон – Сан Антонио 109-93