Дома Фудбал Останато Видео: Три гола во мрежата на Марсеј за трета титула во Лигата на Европа – Гризман двоен стрелец!

Видео: Три гола во мрежата на Марсеј за трета титула во Лигата на Европа – Гризман двоен стрелец!

Вечерва во Лион беше одиграно финалето во Лигата на Европа помеѓу екипите на Марсеј и Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид и пред натпреварот беше фаворит за освојување на овој трофеј, а на крајот и ја оправда фаворитската улога.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Марсеј започна храбро создаде неколку одлични прилики пред голот на Јан Облак, но сепак голот падна на спротивната страна и тоа по едно погрешно додавање, стрелец беше Антоан Гризман во 21 минута.

Десетина минути подоцна следуваа нови проблеми за Марсеј, Димитри Паје поради повреда мораше да го напушти на теренот и уште во овој момент се изгледаше загубено за Французите.

Веќе на стартот на вториот дел после само четири минути игра отстранети беа сите дилеми околу победникот. Антоан Гризман мајсторски стигна до нов погодок и зголеми на 0:2

До крајот Атлетико сигуирно ја чуваше предноста, дури во финишот Марсеј се закани нешто посериозно, но недостасуваше реализацијата. Точка на натпреварот стави Габи во 89 минута од средбата.

За Атлетико Мадрид ова беше трет трофеј во второто по ранг натпреварување во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…