Денес со почеток во 18:15 часот беше одиграни полуфиналето од ФА Купот во англиската Премиер лигата, а во него силите ги одмерија Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
На крајот пласман во финалето обезбеди тимот на Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не започна се така добро за „ѓаволите“, Тотенхем тргна офанзивно од самиот старт. Таквата игра им се исплатеше веќе во 11 минута кога во една мајсторска акција, Деле Али беше егзекутор за 0:1.
Иако, Тотенхем беше подобриот тим на теренот, Манчестер Јунајтед сепак успеа да стигне до изедначување.
Муса Дембеле се обиде да дрибла против Погба на својата половина, а Французинот му ја одзема топката, испрати одличен центар шут за Алексис Санчез кој успеа да погоди за 1:1.
Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.
Во вториот дел работите малку се променија, Манчестер Јунајтед успеа да ја смири играта и да создаде по некоја шанса. Една од нив искористи Ерера во 62 минута кој постигна гол за 2:1.
Овој погодок се покажа и како одлучувачки за пласманот на „ѓаволите“ во финалето. Јунајтед својот противник ќе го добие утре каде што во второто полуфинале играат Челзи и Саутемптон.