
Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.
Оклахома полесно од очекуваното стигна до победата на ЛА Лејкерси со резултат 114:90. Кошаркарите на Оклахома веќе во третата четвртина направија одлична предност со која ја најавија победата, а најефикасен во нивните редови беше Кармело Ентони. Зад него следуваат Адамс кој запиша дабл – дабл 21 поени, една асистенција и 10 скокови, па Вестбрук кој уфрли 19 поени додаде седум асистенции и запиша шест скока.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Во редовите на Лејкерси единствените двајца со двоцифрен број на поени беа Рендл поени и Колдвел-Поп со 10 поени.
Голден Стејт Вориорси славеа победа од 119:112 во Чикафо, а актуелниот шампион до четвртата победа беше предводен од Клеј Томпсон со 38 поени и Стеф Кари со 30 поени. Одличен беше и Кевин Дурант со 19 поени, додека за Булсите Никола Миротиќ уфрли 24 поени.
Торонто на домашен терен го совлада Детроит со 96:91. Милс беше најдобар во дресот на Рапторси со 19 поени, додека Друмонд со 25 поени и дури 17 поени ги предводеше Пистонси.
НБА Резултати:
Шарлот – Вашингтон 133:109
Атланта – Њу Орлеанс 94:93
Бруклин – Сан Антонио Спарс 95:100
Торонто – Детроит 96:91
Чикаго – Голден Стејт 112:119
Мемфис – Њу Јорк Никси 105:99
Милвоки – Мајами 101:106
Оклахома – ЛА Лејкерси 114:90
Сакраменто – Јута 105:120
ЛА Клиперси – Денвер 109:104