Ѕвездата на Бока Јуниорс, Карлос Тевез ги пцуеше своите соиграчи после ремито со Ривер Плата во историското финале на Копа Либертадорес.
Ветеранот влезе во игра во последните дваесетина минути, а во последната минута со асистенција го изведе Бенедето сам пред голманот на Ривер, но овој не успеа да му донесе победа на домашниот тим.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
После последниот свиреж на судијата домашните фудбалери тргнаа разочарани кон соблекувалната, а тоа воопшто не му се допадна на Карлос Тевез.
„Ајде, се уште не сме умреле, одете во пи*ка материна. Горе главите пи*ка ви мајчина“, викаше Тевез кој уште од дете е луд фан на Бока Јуниорс.
https://youtu.be/k-TyEMg_3IY