Дома Останати (Видео) Судијата го прекина мечот, на Мејведер му беа потребни 10 рунди

(Видео) Судијата го прекина мечот, на Мејведер му беа потребни 10 рунди

Aмериканскиот боксер, Флојд Мејведер, славеше во борбата против ММА ѕвездата Конор Мекгрегор.

После, повеќемесечните провоцирања преку медиумите и навредите, Мејведер и Мекгрегор конечно влегоа во рингот, каде што подобар беше Флојд Мејведер. Мекгрегор издржа не цели 10 рунди, после што судијата одлучи да го прекине натпреварот и да прогласи победа за Мејведер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конор во мечот влезе со 10 килограми предност во однос на Флојд. Ирецот добро стартуваше и првата рунда одлично ја контролираше, додека Флојд влезе со голема доза на претпазливост во натпреварот, но и тој направи неколку добри „контри“.

Мекгрегор продолжуваше со активна борба се додека не се разбуди Флојд, а тоа се случи во четвртата рунда кога Конор му зададе одлично кроше, после кое започна да боксува. Тука конечно успеа да упати неколку добри удари и да добие една рунда.

Но, од тој момент Флојд беше човекот кој доминираше во рингот и ја контролираше борбата. Првиот поголем пад Конор го доживеа во шестата рунда, го изгуби балансот и повеќе не можеше да го држи темпото кое тој го наметна.

Како што одминуваше времето, Конор го совладуваше заморот, додека Мејведер беше се подобар и подобар. Клучниот момент се случи во деветата рунда кој Мекгрегор доби повеќе тешки удари, но Мејведер како да не сакаше тука да заврши борбата, па Ирецот издржа и до почетокот на десетата рунда.

Во десетата рунда беше се готово. Судијата ја прекината борбата и Флојд дојде до 50 победа во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…