Дома Фудбал ВИДЕО: Суарез правеше се само да добие жолт картон, но судијата се заинаети

ВИДЕО: Суарез правеше се само да добие жолт картон, но судијата се заинаети

Фудбалерите на Барселона синоќа на домашен терен во каталонското дерби ја декласираа Џирона со 6:1 во рамките на 25. коло од шпанската Ла Лига.

Барселона одигра одличен натпревар пред своите навивачи и очекувано стигна до нови три бода. Особено блескаа Лионел Меси и Луис Суарез кои постигнаа вкупно пет гола, додека еден беше ремек дело на Филипе Кутињо.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Импресивен беше учинокот на Суарез кој постигна хет-трик и запиша уште две асистенции. Уругваецот во финишот од натпреварот се обиде да добие жолт картон за да ги очисти картоните против Лас Палмас пред големото дерби со Атлетико Мадрид.

Суарез направи неколку бизарни прекршоци и намерно играше со рака за да добие жолт картон, но судијата на овој натпревар како да се заинаети и не сакаше да го „награди“ Уругваецот со јавна опомена. Па токму поради тоа, Суарез ќе мора да биде многу внимателен во следниот натпревар против Лас Палмас.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓоковиќ се огласи по натпреварот на Албанија и Србија – испрати силна порака! (Фото)

Фудбалските репрезентации на Албанија и Србија завршија нерешено (0:0) во првото коло од к…