Екипата на Арсенал денес во рамките од 32 коло во терминото играше натпревар против Стоук.
Избраниците на Арсен Венгер на оваа средба стигнаа до победа од 3:0.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иако резултатот не го покажува тоа Стоук денес беше рамноправен противник, барем се до петнаесетина минути пред крајот на натпреварот.
Каков фудбал следневме во првиот еден час игра говори и податокот што најголема закана беше ударот на Шакири и тоа директно од корнер.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 75 минута кога досуден беше еден сомнителен пенал за Арсенал, а сигурен реализатор беше Пјер Емерик Обамејанг. Десетина минути подоцна Габонецот стигна и до вториот погодок.
На една минута пред крајот на натпреварот досуден беше нов пенал за „топчиите“, Лаказет беше срушен во шеснаесетникот, а истиот играч ги постави конечните 3:0.