Дома Останати Кошарка Видео: Спектакуларниот Јокиќ сруши рекорд стар 63 години, Денвер сигурно чекори кон плеј-офот

Видео: Спектакуларниот Јокиќ сруши рекорд стар 63 години, Денвер сигурно чекори кон плеј-офот

jokic]

Изминатата вечерв во НБА лигата се одиграа два натпревари.

Србинот Никола Јокиќ направи нешто неверојатно – го постигна најбрзиот трипл-дабл во историјата на НБА! Денвер славеше победа со 134:123 над Милвоки, а Јокиќ постигна 30 поени, 17 асистенции и 15 скоков. Јокиќ до двоцифрена бројка во сите три параметри стигна за само 14 минути и 55 секунди на паркетот во „Харис Бредли центарот“.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


До заминувањето на полувремето Јокиќ поситгна 16 поени, 12 скокови и 11 асистенции со што го собори рекордот стар 63 години на Џими Такер од 1955 година.

За вкупно 34 минути, Јокиќ беше  непогрешлив за три поени (3/3) и од линијата за слобоодни фрлања (5/5), додека за два поени шутираше 8/11. Една топка украде, осум изгуби, а подели и две блокади.

nba

На спротивната страна одличен беше Јанис Адетокоумбо. Еден од најдоминантните играчи на денешницата со 36 поени, 11 скокови и 13 асистенции и за него ова беше 11 трипл-дабл и така ја надмина легендата на Милвоки, Карим Абдул Џабар.

Во останатиот натпревар Минесота го совлада Лејкерси со 119:11. На овој натпревар се истакна Гибсон во дресот на Минесота со 28 поени и Рендл во Лејкерси со 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

УЕФА призна: Германија доживеала голема неправда на Европското првенство!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја признала грешката во која Германија беше оштетена во…