Дома Фудбал Останато Видео: Сирија се уште го живее сонот за Мундијал!

Видео: Сирија се уште го живее сонот за Мундијал!

Иако нивната земја е разрушена од војна, немаат свој дом и играат на неутрален терен, сепак фудбалерите на Сирија не престануваат да го воодушевуваат светот.

Имено, Сиријците денес ги оставија живи надежите за пласман на Светското првенство во Русија, откако во првиот меч од баражот одиграа 1:1 против Австралија.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Австралијците во баражот од Азиската фудбалска конфедерација први дојдоа во водство со голот на Роби Крус во 40-та минута, но на само пет минути пред крајот на мечот, Омар ал Сома со гол од пенал ја зголеми надежта за Сиријците.

И покрај оваа доцна драма, „кенгурите“ може да се сметаат за среќни од резултатот бидејќи во последните 20 минути од мечот нивниот гол беше под опсада, посебно преку најдобриот играч на теренот, Фирас ал Хатиб.

Со овој резултат реваншот во Сиднеј ќе го даде патникот во уште еден бараж меч, со репрезентација од Северна Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Германија потврдија дека Милер ќе игра во МЛС

Баерн Минхен, Томас Милер, потврди дека ќе игра во американската Мејџор лига Сокер, соопшт…