Дома Фудбал Италија Видео: Симеоне го совлада Донарума, Чалханоглу изедначи, Гатузо со бод се враќа од Фиренца

Видео: Симеоне го совлада Донарума, Чалханоглу изедначи, Гатузо со бод се враќа од Фиренца

Денес во рамките од 19 коло во италијанската Серија во терминот од 12:30 се одигра натпреварот помеѓу Фиорентина и Милан.

Ова беше натпревар на две екипи со слична ситуација на табелата, Фиорентина пред ова коло беше на осмата позиција Милан на деветата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Домаќините имаа иницијатива и прикажуваа подобра игра, но 100% шанси за постигнување погодокот немаше. За играта на Милан во првиот дел доволно говори и податокот дека „росонерите“ упатија само еден удар и тоа надвор од рамките на голот.

Во вториот дел Милан започна да игра нешто подобро, па во 51 минута Сусо упати одличен удар од работ на шесанесетникот, но Спортиело фантастично интервенираше. Фиорентина сепак прва стигна до водство, Бираги упати одличен центар шут, а топката во мрежата на Донарума ја смети Џовани Симеоне во 71 минута од натпреварот. Милан изедначи само три минути подоцна и тоа преку Чалханоглу.

Овој негов погодок на крајот се покажа и како последен, па двата тим ги поделоја бодовите со резултат 1:1.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нови детали за Марадона: Агонијата можела да трае и 12 часа, еве кој не дозволил да се направи важна анализа

За време на продолжувањето на судењето против седум здравствени работници обвинети за смрт…