Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео: Се запали авионот со фудбалерите на Саудиска Арабија

Видео: Се запали авионот со фудбалерите на Саудиска Арабија

Авионот на компанијата „Росија“ што ја превезуваше фубалската репрезентација на Саудиска Арабија на натпреварот во Ростов на Дон се запали за време на летот.

Имено, непосредно пред слетување во Ростов каде во среда, од 17 часот, треба да се игра мечот со Уругвај во рамките на Мундијалот, се запали авионот со кој се превезуваше репрезентацијата на Саудиска Арабија што, за среќа, мина без последици.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Летот ФВ1007 при процес на слетување имаше технички проблем со еден од своите мотори. Причина е птица која била фатена од моторот и првичните проценки се дека ова е причината за проблемот“, објавил портпаролот на „Русија Ерлајн“.

„Сакаме да ве увериме дека сите членови на репрезентацијата која во моментов е во Русија се безбедни по малиот технички проблем на моторот на авионот“, соопштија од фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барселона ги предаде сите документи – се чека одлука од општината.

Враќањето на Барселона на „Спотифај Камп Ноу“ стана реалност, откако тимот се соочи со Атл…