Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Секоја чест на Једер, но ова е херојот на Севиља – човекот кој го „изеде“ средниот ред вреден 200 милиони евра!

Видео: Секоја чест на Једер, но ова е херојот на Севиља – човекот кој го „изеде“ средниот ред вреден 200 милиони евра!

Севиља вчера вечер го совлада Манчестер Јунајтед и го елиминираше од Лигата на шампионите.

Виченцо Монтела го направи клучниот потег на натпреварот кога во игра го уфрли Бен Једер на местото на Муриел. Једер после само шест минути му возврати со два погодоци во мрежата на Де Геа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, секоја чест на Једер но играч на натпреварот без никакви дилеми беше Стивен НЗози кој буквално доминираше и го „изеде“ целиот среден на Манчестер Јунајтед кој во вкупна вредност изнесува повеќе од 200 милиони евра.

НЗози беше одличен во одбраната, но и без никакви проблеми ја изнесуваше топката од својата половина и ги разигруваше соиграчите. Скоро секој опасен на клубот од Андалузија започнуваше од него, го имаше секаде на теренот.

Она што НЗози го одигра против Манчестер Јунајтед е најблиску до перфекција кога зборуваме за позицијата последен играч за врска, па нема сомневање дека заедно со Једер кој постигна два погодоци е најзаслужен за големата победата на Шпанците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп планира да создаде нова германска лига, а во тоа му помага и поранешен играч на Реал Мадрид

Германскиот фудбал наскоро би можел да доживее една од најголемите структурни промени во п…