Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Роналдо даде гол на хуманитарен натпревар, па го прослави и противничкиот играч

ВИДЕО: Роналдо даде гол на хуманитарен натпревар, па го прослави и противничкиот играч

Во Торино синоќа беше одигран хуманитарен натпревар во кој учествуваа голем број на познати фудбалери, но и возачи на Формула 1.

Хуманитарниот натпревар привлече голем број на навивачи, а стадионот во Торино беше исполнет до последното место. На овој натпревар играше и Роналдо кој беше во екипа со Тоти, Пирло, Недвед и возачите на Ферари, Фетел и Леклер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На овој натпревар навивачите можеа да видат одлични потези и да уживаат во вистинска фудбалска претстава. Роналдо беше посебно расположен за играње, постигна неколку голови, а на противничкиот гол беше Буфон.

По еден од головите, Роналдо го прослави во свој познат стил, а целиот стадион за него извикуваше „Си“. Дури му се приклучи и еден од противничките играчи кој едноставно не можеше да одолее.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Душан Влаховиќ потпишува, но не за Јувентус?

Нов неверојатен пресврт се случува во кариерата на Душан Влаховиќ. Се очекуваше дека Србин…