Дома Фудбал Останато Видео: Рома го победи Тотенхем, првенец на „турскиот Дибала“

Видео: Рома го победи Тотенхем, првенец на „турскиот Дибала“

Рома го совлада Тотенхем 3:2 во пријателски натпревар кој се одигра во Њу Џерси.

Натпреварот беше решен во трилер-завршница, три гола беа постигнати во последните три минути, од кои два во судиското надополнување на времето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Рома одлично почна и поведе со голот на Пероти од пенал во 23 минута. Потоа беше мирно се до 70 минута, кога новото засилување Ундер зголеми на 2:0.

Сепак, Тотенхем не се предаде. Во 87 минута со голот на Винкс намали на 1:2, а во судиското надополнување, благодарение на погодокот на Јансен израмни на 2:2. Рома успеа да ја однесе победата во 92 минута кога конечниот резултат го постави Туминељо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изминете ли клаузата, според која Барселона може да го купи Рашфорд

Клаузата, според која Барселона можеше да ги откупи правата на Marcus Rashford од Манчесте…