Реал Мадрид успеа да избегне пораз во последните минути против Клуб Бриж. Аталанта во последните минути поразена од Шахтјор.
„Кралевите“ после дебаклот во Париз не ја научија лекцијата и во првото полувреме не личеа на себе. Бриж дојде до водство во 9-та минута од натпреварот со голот на Денис.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Реал не успеа да се соземе од шокот, па истиот играч пре крајот на првото полувреме уште еднаш го шокира Бернабеу, за водство од 2:0 на белгискиот тим.
„Кралевите“ во вториот дел тргнаа фуриозно, па капитенот Серхио Рамос го врати тимот во живот и постигна гол во 56-та минута.
Одлучуваа буквално милиметри, изгледаше како Рамос да е во офсајт, но технологијата покажа дека е во дозволена позиција. Каземиро во последните минути го спаси Реал од пораз и израмни на 2:2.
Аталанта го пречека Шахтјор на „Сан Сиро“ во Милано и го доживеа вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите и тоа во последните секунди од мечот.
Домаќините одлично го отворија мечот и дојдоа до водство преку Дуван Запата во 28-та минута, иако претходно Иличиќ промаши пенал.
Шахтјор во 41-та минута го израмни резултатот преку Мораес, а до победа дојде во 95-та минута, неколку секунди пред последниот судиски свиреж.