Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Реал се избрука со најголем пораз во историјата!

Видео: Реал се избрука со најголем пораз во историјата!

Реал Мадрид доживеа потоп на „Сантиаго Бернабеу“ од ЦСКА Москва, Плзен ја порази Рома и го зачува третото место во групата.

Иако овој натпревар немаше резултатско значење за „кралевите“, сепак долго ќе го паметат. Имено, Реал Мадрид го доживеа најголемиот пораз на свој терен во европските натпреварувања.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Солари започна со комбиниран тим, но тоа сигурно нема да му биде оправдување за големиот пораз. Иако Реал подобро го отвори мечот и доминираше во првиот половина час, сепак следуваше „ладен туш“ за публиката на Бернабеу.

Во 37-та минута Чалов постигна гол за водство на ЦСКА, а само пет минути подоцна Шеников зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на одмор. Во второто полувреме Сигурдсон погоди за 3:0 и целосен потоп на „кралевите“.

Оваа победа на ЦСКА Москва на крајот се покажа залудна, бидејќи Плзен ја победи Рома со 2:1 и го загарантира третото место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Петровиќ стана најскап српски голман во историјата

Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ ја продолжува својата кариера во Премиер лигата, откако офи…