Денес во дербито на четврото коло екипата на Манчестер Сити покажа сила и го совлада тимот на Ливерпул со убедливи 5:0.
„Граѓаните“ беа подобар противник, но и Ливерпул на стартот имаше свои шанси, веројатно клучниот момент на натпреварот се случи во 37 минута кога Саидо Мане заработи директен црвен картон. Претходно Кун Агуеро во 24 минута го матираше Мињоле и го постигна својот 124 погодок во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Единствен проблем за „граѓните“ од овој натпревар би можела да биде повредата на голманот Едерсон при дуелто со Мане.
Во финишот од првото полувреме Габриел Хесус го искористи одличното нафрлување на Де Брујн и погоди за 2:0 и веројатно веќе тука згаснаа надежите на Клоп и Ливерпул дека можат да направат нешто повеќе во овој натпревар.
Само после осум минути игра во вториот дел истиот играч, Габриел Хесус го постигна и својот втор гол на натпреварот за веќе високи 3:0. До крајот на средбата Саме прво погоди во 77 минута, а во судиското продолжение истиот играч со вистинско ремек дело ги постави конечните 5:0
Sane Manchester City 5 – 0 Liverpool by taftadarka2016