Ромелу Лукаку очигледно има навистина многу среќа.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед неодамна избегна шестмесечна затворска казна откако успеа да се договори со полицијата и да плати компезација со цел да остане на слбоода, а сега нема да добие никаква казна поради шутирањето на противникот и тоа во меѓуножјето.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Како што пренесуваат релевантните британски медиуми, иако на белгискиот голгетер му се закануваше парична казна и најмалку три натпревари суспензија тој сепак ќе се извлече без никакви последици.
Лукаку во текот на натпреварот против Брајтон во саботата беше уловен од камерите како намерно го удира Гаетан Бонг после еден дуел. Меѓутоа главниот судија на натпреварот, Нил Сворбик и неговите помошници не реагираа на ваквиот потег на напаѓачот на Манчестер Јунајтед.
Доколку Лукаку беше казнет, постоеше можност да го пропушти дербито против Манчестер Сити ко е се игра на 10 декември.