За натпреварот помеѓу Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ФК уште долго ќе се зборува, најмногу поради спектакуларното деби на Златан Ибрахимовиќ.
Л.А ФК имаше предност од 3:0, но Галакси успеа да дојде до целосен пресврт и на крајот да слави со 4:3, секако херој беше Златан Ибрахимовиќ кој погодуваше во 77 и 91 минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа натпреварот сам по себе беше фантастичен и штета да не се спомене и Карлос Вела кој исто така постигна два погодоци во 5 и 26 минута. Мексиканецот кој неодамна го носеше дресот на Реал Сосиедад постигна два велемајсторски погодоци.
За негова несреќа Ибра вчера одлучи да заблеска, па така неговиот учинок остана во втор план, а откако ќе ги погледнете погодоците ќе се сложите дека ги заслужува сите честитки.