Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Ножичките на Де Јонг сигурно ќе конкурираат за гол на сезоната

ВИДЕО: Ножичките на Де Јонг сигурно ќе конкурираат за гол на сезоната

Екипата на ПСВ во саботниот натпревар во рамките на 13. коло од холандската прва лига рутински со 3:0 го победи Херневен, а голови постигнаа Лозано во 11. и 66. минута и Лук де Јонг во 52. минута од натпреварот.

Норвешкиот фудбалер, Мортен Торсби во 37. минута по жестокиот старт заработи црвен картон и така му направи дополнителен простор на ПСВ со што ја олесни работата на овој натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тимот од Ајндховен победи без некои поголеми проблеми, а посебно атрактивен беше голот на нивниот напаѓач, Лук Де Јонг кој по една добра акција на својата екипа го искористи центаршутот на Лозано и маестрално со ножички ја испрати топката во голот на гостите.

ПСВ со овој триумф дополнително ја зацврсти лидерската позиција во холандската лига со 39 освоени бода, а во 13 одиграни кола имаат максимален учинок што секако е за секој респект.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Воскресението“ на Манчестер Јунајтед донесе очај кај Арсенал

Манчестер Јунајтед оствари втора последователна голема победа по назначувањето на Мајкл Ка…