Дома Фудбал Италија Видео: Новиот Интер со стари проблеми, поразен уште на стартот

Видео: Новиот Интер со стари проблеми, поразен уште на стартот

Сасуоло го приреди најголемото изненадување во првото коло од Серија А победувајќи го фаворизираниот Интер со 1:0.

„Нероазурите“, иако важеа за големи фаворити, сепак беа непријатно изненадени уште на стартот. Сасуоло заслужено ги освои трите бода, а херој беше Берарди кој го совлада Хандановиќ од пенал во 27-та минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред крајот на првото полувреме Интер бараше пенал поради стартот над Асамоа, а во второто полувреме иако го имаше поседот не успеа да создаде зрела шанса за гол.

Парма испушти два гола предност и одигра 2:2 против Удинезе, Болоња загуби дома од Спал со 1:0, а Емполи стартуваше со три бода откако на домашен терен го победи Каљари со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шефовите на Милан ќе направат уште еден обид да го задржат Мењан

Раководството на Милан ќе одржи нова средба со претставниците на голманот на тимот Мајк Ме…