Дома Фудбал Германија (Видео) Незадоволен но погодува – Левандовски и Робен го „потпија“ Мајнц!

(Видео) Незадоволен но погодува – Левандовски и Робен го „потпија“ Мајнц!

Денес со почеток од 15:30 во германската Бундеслига се одиграа четири натпревари, а победи запишаа екипите на Баерн, Аугусбург, Штудгарт и Шалке.

Екипата на Баерн Минхен иако во лоша атмосфера го дочека натпреварот против Мајнц успеа да запише убедлива победа од 4:0. Серијата погодоци за домаќините ја отвори, Арјен Робен во 11 минута, а за нешто повеќе од десет минути истиот играч зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на полувремето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во вториот дел иста слика на теренот и во вторите 45 минути гигантот од Минхен успеа да постигне два погодоци но овој пат тие беа дело на Роберт Левандовски во 50 и 77 минута. Во следното коло Баерн го очекува гостување против Шалке.

Во останатите три натпревари, Аугусбург славеше со 1:2 против Франкфурт, Штудграт запиша победа на домашен терен против  Волфсбург од 1:0, додека наредниот противник на Баерн славеше на гостински терен против тимот на Вердер Бремен со 1:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нејмар по тешкиот пораз: Никогаш не сум доживеал нешто слично. Срам ми е.

Вчера вечер, тимот на Сантос доживеа вистински дебакл во натпреварот против Васко да Гама …