Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Најголемата КРАЖБА во фудбалот, епски пресврти…Светот во исчекување на нов СПЕКТАКЛ на „Стенфорд Бриџ“ и „Ноу Камп“

Видео: Најголемата КРАЖБА во фудбалот, епски пресврти…Светот во исчекување на нов СПЕКТАКЛ на „Стенфорд Бриџ“ и „Ноу Камп“

chelsea barca

Малку се клубовите кои во последните дваесетина години во Лигата на шампионите понудиле таква драма во меѓусебните натпревари како што тоа неколку пати го направи клубовите на Челзи и Барселона.

Денешниот ждреб во Нион одлучи и оваа сезона во осминафиналето повторно да гледаме судир помеѓу овие два клуба. Од сето она што се случуваше помеѓу овие два клуба веројатно најмногу се памети полуфиналето во 2009 година кога Норвежанецот, Том Хенинг Овербо ја одведе Барселона во финалето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прв пат се сретнаа во 2000 година во четвртфиналето. Одличниот тим на Челзи беше предводен од Џанфранко Ѕола, Торе Андре Флум, Дешам и Десаили, после 38 минути во првиот натпревар Челзи против силната Барса водеше со 3:0. Ѕола и Флум ја уништуваа гостинската одбрана, но кога застанаа Луис Фиго им ја врати надежта на гостите.

Пред преполн „Ноу Камп“, до полувремето Ривалдо и Фиго ја анулираа предноста на Англичаните, а потоа Торе Андре во 60 минут ја казни големата грешка на Руд Хесп. Сепак, тимот на Ван Гал до продолженија стигна со голот на Дани во 83 минута. Преморените Англичани и друштвото паднаа во продолженијата, Барселона со 5:1 помина во полуфиналето.

Пет години подоцна Челзи и се реваншираше. Во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите тимот на Мурињо водеше против Барселона, но Макси Лопез и Самуел Ето погодуваа за пресврт и победа од 2:1. Во реваншот следуваше вистинска драма.

Гудијонсен, Лампард и Даф во првите 19 минути ја ставија под нозе Барселона, Челзи водеше со 3:0 и сите очекуваа вистинска катастрофа. До полувремето Роналдињо намали од пенал, а потоа со одличен погодок ја врати Барселона во игра и го трасираше патот до уште полуфинале. Во еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампионите. Се редеа шанси пред двата гола, се тресеа стативите и се промашуваше невозможното, се додека Џон Тери во 76 минута не погоди за 4:2 и пласман на Челзи во следната фаза.

Една година повторно се сретнаа овие два клуба. Овој пат во осминафиналето. На „Стенфорд Бриџ“ Тиаго Мота си постигна автогол за водство на Челзи, Џон Тери возврати на другата страна, а Ето на десет минути пред крајот донесе голема победа на Барса, која без преголеми проблеми во реваншот одигра 1:1.

Шест месеци подоцна заедно играа во групата. Во Лондон Дрогба погоди за 1:0, а во Барселона во 90 минута донесе бод за„сините“. Но тоа како да беше само вовед за она што следуваше во последните четири меѓусебни натпревари на овие два клуба.

Во 2009 година Челзи и Барселона повторно се сретнаа во нокаут фазата, овој пат во полуфиналето. Тимот на Хидинк ја преживеа опсадата во првиот натпревар. Чех правеше чуда на голот и Англичаните се извлекоа со реми пред реваншот во Лондон.

Вториот натпревар помеѓу овие два клуба ја донесе и најголемата судиска кражба во поновата фудбалска историја. Подоцна судијата од овој натпревар, Том Хенинг се правдаше дека не го направил тоа со намера.

Челзи беше оштетен за четири чисти пенали и уште два сомнителни, но мислењето на целиот свет е дека Барса едноставно морала да помине.

Борбен, одлучен и многу добар Челзи од првата минута тргна кон голот на гостите. Веќе во деветата минута, Микел Есиен погоди за 1:0. Набрзо Тери пропушти одлична шанса, па Валдес одбрани слободен удар на Дрогба, а потоа на сцена стапи норвешкиот судија. Прво во 23 минута, прекршокот на Дани Алвеш над Малуда во казнетиот простор го претвори во слободен удар. Три минути подоцна, Абидал го повлече за дрес Дрогба, Норвежанецот одмавна со раката. Во продолжение Јаја Туре со две нозе стартуваше над Дрогба, па нешто подоцна го сруши и Анелка, а на девет минути пред крајот Пике очигледно играше со рака во шеснаесетникот. Ништо од тоа не беше доволно за главниот судија да покаже на белата точка, а со тоа и да го одлучи натпреварот. Како што тоа секогаш и се случува во 90 минута Меси го пронајде Иниеста кој успеа да погоди за 1:1. За Барса тоа беше првиот удар во рамките од голот во текот на целиот натпревар.

Како тоа да не беше доволно, во петата минута од судиското продолжение Балак шутираше кон голот, а Ето бранејќи го лицето, но и голот со рака ја запре топката. Подоцна редарите мораа да го спасуваат судијата од бесниот Дрогба.

Ждребот сакаше повторно да се сретнат во полуфиналето. Под големо внимание од целиот свет овој пат натпреварот му беше доделен на Германецот, Феликс Брих. Во првиот натпревар Челзи славеше со голот на Дрогба. Во вториот натпревар Барселона во 35 минута поведе преку Бускетс, а две минути подоцна Џон Тери заработи црвен картон, а Иниеста во 43 минута постигна и втор погодок, во тие моменти ниту најоптмистичните навивачи на Челзи не се надеваа на пласман во финалето.

Тоа не се промени ни после голот на Рамиреш во 45 минута, бидејќи Челзи мораше да преживее уште цело полувреме во продолжението. Веднаш на стартот на вториот дел, Дрогба во шеснаесетникот го сруши Фабрегас и Меси имаше прилика од пенал да го реши натпреварот. Но, Аргентинецот ја погоди пречката, а Челзи потоа се заби во својот шеснаесетник и одбиваше да се предаде. Се редеа прилики пред голот на Чех, а наградата за „сините“ стигна кога во судиското продолжение Фернандо Торес целосно сам од центарот тргна кон голот, го помина и Валдес и погоди за 2:2 и финале. Таа година Челзи стигна и до титулата во Лигата на шампионите.

После сето ова сигурно дека целиот свет очекува нови два епски натпревари, првиот натпревар се игра на 20 февруари во Лондон додека ревншот се закажан за 14 март во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…