Баерн Минхен и Челзи одиграа пријателски натпревар во Сингапур попладнево, и Баварците после неполни 30 минути игра имаа водство од 3:0.
На крајот Челзи успеа да избегне брука и со головите на Маркос Алонсо и Батчуаи го намали водството за конечно 3:2, но Анчелоти во второто полувреме во игра уфрли неколку млади фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баварците тргаа фуриозно во натпреварот и само после 7 минути игра погоди Рафиња, а во следните 20 минути Томас Милер на два пати ја тресеше мрежата. Баерн потоа имаше уште неколку зрели шанси, но во последните минути од првото полувреме водството го намали Алонсо.
Во второто полувреме за Челзи дебитираше Мората, Анчелоти во игра уфрли неколку млади фудбалери, а конечните 3:2 ги постави Батчуаи во 85-та минута.
Chelsea 2-3 Bayern Munich International… by juniorrosenfeld