Дома Фудбал Италија Видео: Наинголан го замолкна „Џузепе Меаца“, ново реми за Интер

Видео: Наинголан го замолкна „Џузепе Меаца“, ново реми за Интер

Фудбалерите на Интер не успеаа да го победат Каљари на домашен терен и одиграа само 1:1, што беше трето реми со ред за тимот на Конте.

Натпреварот започна одлично за „нероаѕурите“ кои поведоа во 29-та минута со голот на Лаутаро Мартинез. Новото засилување Ешли Јанг испрати одлична асистенција, а на Аргентинецот не му беше тешко да ја смести топката во мрежата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тоа го разбуди Каљари, кој почна да напаѓа и создаде неколку шанси до крајот на полувремето, но Хандановиќ беше одличен на голот.

Во второто полувреме гледавме неколку спорадични шанси на двете стани, па во 78-та минута Наинголан му се одмазди на „нероаѕурите“ и погиди за конечни 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алонсо го прави тоа што Анчелоти не смееше: Уште од минатата сезона се вишок, сега е време за заминување

Со доаѓањето на Чаби Алонсо на местото тренер на Реал Мадрид, многумина работи се менуваат…