Дома Актуелно (ВИДЕО) Мурињо повторно имаше џокер: Марсијал донесе ѓаволска победа над Тотенхем

(ВИДЕО) Мурињо повторно имаше џокер: Марсијал донесе ѓаволска победа над Тотенхем

Тимот на Манчестер Јунајтед им се врати на победите во Премиер лигата, откако на својот „Олд Трафорд“ забележа победа од минимални 1:0 над Тотенхем.

Во натпревар каде повеќе се размислуваше на одбраната, најдобрата шанса која не беше реализирана се случи во 79. минута од средбата, кога Лукаку ја погоди стативата.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Само неколку минути подоцна, Лукаку доби топка од Де Геа, веднаш ја проследи до нововлезениот Марсијал, кој уште еднаш се покажа како џокер од клупата на Мурињо.

Со оваа победа Манчестер Јунајтед се задржува на втората позиција, сега со три бодови повеќе во однос на Тотенхем. Прв е тимот на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Лига 1 2025/26 – Кој ќе ја освои титулата?

Како што се приближува почетокот на Лига 1 2025/26, вниманието на љубителите на фудбалот п…