Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Манчестер Јунајтед веќе преговара со Зидан!?

ВИДЕО: Манчестер Јунајтед веќе преговара со Зидан!?

Жозе Мурињо се наоѓа пред отказ во Манчестер Јунајтед.

Никој на „Олд Трафорд“ не зборува за тоа но такво сценарио на голео се очекува. Португалецот ги губи конците во соблекувалната ,а на теренот неговиот тим практично и да не постои. Последен удар беше поразот од Вест Хем во седмото коло од Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ се 10-ти на табелата и веќе имаат девет бодови помалку од водечките Манчестер Сити и Ливерпул. Мурињо го чека натпреварот со Њукасл, па гостување кај Челзи, натпревар со Евертон…

Според новинарот на „Талк Спорт“, Тони Каскарино, Јунајтед веќе го контактирал Зидан кој наводно ја следи ситуацијата во клубот и чека замена на Мурињо.

„Јунајтед го контактираше Зидан. Тоа ми го кажа извор кој во последните години ми откриваше информации за Јунајтед и секогаш се беше точно“, изјави Каскарино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …