Во рамките од 22 коло во Премиер лигата денес во терминот од 16:00 часот беа одиграни три натпревари.
Секако, оној кој привлече најголемо внимание е натпреварот на Ливерпул против оваа сезона одличниот тим на Барнли.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За овој натпревар во тимот на Ливерпул го немаше Фелипе Кутињо. Официјалните информации гласеа дека се работи за полесна повреда, но сите веруваат дека Бразилецот не беше во тимот поради неговиот трансфер во Барселона.
Избраниците на Клоп во драматичен финиш успеаа да слават со 1:2. Првиот дел помина без посериозни возбудувања, изгледаше како и двата тима да се задоволни со по еден бод од овој натпревар.
Во второто полувреме Ливерпул тргна нешто повеќе агресивно. „Црвените“ создаваа шанси, а една од нив искористи Мане кој во соло акција со силен удар од шеснаесетникот успеа да го совлада домашниот голам.
Барнли се разбуди во финишот од натпреварот и во последните десетина минути играта се префрли пред голот на Мињоле. Ваквата игра ја искористи Гудмунсон кој во 88 минута за 1:1. И кога сите очекуваа натпреварот да заврши без победник, Калаван во четвртата минута од судиското продолжение погодува за важна победа на „црвените“.
Во останатите два натпревари Лестер со 3:0 го совлада Хадерсфилд, додека Њукасл со 0:1 славеше против Стоук.