Дома Фудбал Останато Видео: „Лудо“ и неверојатно дерби – Гостинот водеше со 0:3 до 88 минута, а потоа…

Видео: „Лудо“ и неверојатно дерби – Гостинот водеше со 0:3 до 88 минута, а потоа…

Неверојатен финиш во натпреварот на двете првопласирани екипи во првата лигата во Босна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој фудбалски викенд многу веројатно ќе биде обележан со дербито од Босна помеѓу Зрински и Железничар за кое долго ќе се зборува.

Сараевскиот Железничар е лидер на табелата и до самиот финиш на натпреварот имаше предност од 0:3 до оваа убедлива предност домаќинот стигна со автоголот на Баришиќ во шестата минута и погодоците на Врањеш и Закариќ во 27 односно 86 минута од натпреварот од пенал.

По голот на од пенал следуваше финиш за паметење.

Само две минути подоцна, Јовиќ ја врати надежта на домаќинот, а кога Ачимовиќ на почетокот од судиското продолжение постигна гол за 2:3 следуваше вистинска драма.

Драмата се заврши со среќен крај за домаќинот, а трагичар беше фудбалерот на Железничар Богичевиќ кој си постигна автогол во судиското продолжение за 3:3.

После ова кола Железничар ќе остане лидер со 54 бода, додека Зрински е второпласиран со 52.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гранит Џака на 33 години прави шокантен трансфер

Гранит Џака зад себе има одлична сезона во Сандерленд, а игра и одлично на Светското првен…