Дома Фудбал Англија Видео: Ливерпул рутински до нова победа

Видео: Ливерпул рутински до нова победа

Четата на Јирген Клоп оствари уште една рутинска победа во Премиер лигата и е чекор поблеку до долгоочекуваната титула.

Овој пат на „Енфилд“ падна Шефилд Јунајтед. „Црвените“ фуриозно тргаа од самиот стар во првиот меч во новата година пред својата публика и стигнаа до водство уште во 4-та минута.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Робертсон одлично го проигра Салах, кој ја смести топката во голот. Само неколку минути подоцна Египќанецот имаше уште една одлична шанса, но голманот на гостите одлично интервенираше.

Во вториот дел Ливерпул рутински го одработи мечот. „Црвените“ доминираа, создаваа шанси, а во 64-та минута Мане погоди за 2:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола го нападна Артета: Следниот пат биди појасен

Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосн…